Жена доцнела на летот, па истрчала на пистата да го запре авионот (Видео)


На аеродромот во австралискиот град Канбера во средата, една жена е снимена како трча по пистата и застанува пред авион на QantasLink.

Во еден момент почнува да му мавта на изненадениот екипаж на авионот кој штотуку требаше да полета.

Сведоците велат дека жената очигледно доцнела на својот лет за Аделаида затоа што му мавтала на пилотот. Се чини дека со оглед на тоа што стоела под десната врата на авионот, се надевала дека ќе се отвори. Еден од сведоците, Денис Билиќ, го опиша настанот како „благ хаос“, пренесува NZHerald.

Таа беше уапсена
Други наведуваат дека „има среќа што пилотот бил предупреден за тоа што се случува или сам го видел и го исклучил моторот на авионот.

Сајмон Хејлс бил во авионот и видел што се случува. Во извештајот се наведува дека патничката „очигледно го пропуштила летот и решила дека сепак може да го запре“.

Тој опиша како таа „се истурката покрај рампата на портата, истрчала на пистата и дотрчала до авионот.“

Тој бил изненаден што патничката стигнала толку далеку на пистата без никој да ја запре.

Жената не смеела да се качи во авионот кој полетал без неа. Таа беше уапсена и обвинета дека трчала по пистата и се загрозувала себеси и другите. Портпаролот на австралиската федерална полиција изјави дека на жената и била одбиена кауција.