Земјотресот ја замати водата во Маврово – не е за пиење


Силниот земјотрес кој од 5 степени според Рихтер кој утринава ја стресе Македонија со епицентар во Леуново, Мавровско, ја помати водата во овој регион, при што Јавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информираше жителите на местата што се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради тоа.

 

„Поради земјотресот, чиј епицентар беше во Мавровскиот Регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабнителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период, додека не се смират потресите, да не ја пиете водата директно од вашите чешми“, беше објавено од Јавното претпријатие на својата фејсбук-страница.

Според првичните информации земјотресот беше на длабочина од 8,5 километри, а по него следеше уште еден помал од 3,4 степени по Рихтер.