Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени ја погоди Камчатка


Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки-GFZ. Земјотресот бил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ.

Геолошкиот завод на САД-USGS ја процени магнитудата на 7,4, со длабочина од 39,5 км.

Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот. Во Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, не е издадено предупредување за цунами, објави телевизијата NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.