Земјотрес од 4 степени според Рихтер во близина на Дубровник


Земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран вчеравечер во 23:07 часот во Јадранското Море во близина на островот Мљет, потврди Сеизмолошката служба на Хрватска.

„Вечерва, 17 декември 2025 година, во 23:07 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар во Јадранското Море во близина на островот Мљет. Јачината на земјотресот беше 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше проценет на V степени според EMS скалата. Земјотресот беше почувствуван во Дубровничкиот брег“, се вели во соопштението на Сеизмолошката служба.

Претходно, EMSC објави земјотрес во близина на Мљет, наведувајќи дека магнитудата била 3,9.

Епицентарот бил на координатите 42,657 северна географска ширина и 17,618 источна географска должина, на длабочина од 1 километар.