Земјотрес од 2,5 степени кај Гостивар

Вечерва во 20:01 часот по локално време, во југозападниот регион на државата е регистриран земјотрес со магнитуда од 2.5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на оддалеченост од 22 километри североисточно од Центар Жупа и 66 километри југоисточно од Призрен, Косово, односно 16 километри јужно од Гостивар.
Земјотресот беше на длабочината од 15 километри, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот бил со релативно слаба јачина, но може да се почувствувал во околните населени места. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.