Зеленски за падот на Авдеевка: Не оставивте без оружје!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави во Минхен дека одлуката за повлекување од Авдеевка е донесена со цел да се спасат човечки животи.
Зеленски рече и дека неговата земја нема пристап до оружје, што ја зајакнува позицијата на рускиот претседател Владимир Путин.
„За жал, држењето на Украина во дефицит од оружје, особено во дефицит на артилерија и оружје со долг дострел, му овозможува на Путин да се прилагоди на сегашниот интензитет на војната“, рече Зеленски во говорот на Минхенската безбедносна конференција.
„Не прашувајте ја Украина кога ќе заврши војната. Запрашајте се зошто Путин сè уште сака да продолжи?“, рече Зеленски.