Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме
Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.
Зеленски во интервјуто уште еднаш ги повика Вашингтон и другите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина, бидејќи како што рече, „само силната позиција на Украина може да го охрабри рускиот претседател Путин да ја прекине војната“.
Зеленски од недела престојува во САД каде ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. Украинскиот претседател ќе ја искористи оваа можност за бројни средби со светските лидери, а ќе разговара и со актуелните американски кандидати за нов претседател Камала Харис и Доналд Трамп.
-Уште еднаш ги повикувам сите наши сојузници да ни помогнат да постигнеме заедничка победа за вистински праведен мир, рече Зеленски, мислејќи на операцијата Курск.
„Путин многу се плаши од оваа операција бидејќи неговите луѓе од неа видоа дека тој не може да ја брани целата своја територија“, заклучи Зеленски.
Ahead of the United Nations General Assembly in New York City, Ukrainian Pres. Zelenskyy sat down for an exclusive joint interview with Good Morning America’s Robin Roberts to share details of what he calls a “victory plan” to meet the Russian threat. https://t.co/2mFAYn8fXf pic.twitter.com/5lqcXCGQbt
— World News Tonight (@ABCWorldNews) September 24, 2024