Зеленски по разговорот со Трамп: „Ви благодарам, ова може да биде историски состанок“

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се сретнаа за време на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан и одржаа краток состанок.
На почетокот, тој рече дека тоа било добра средба каде што разговарале „еден на еден“.
„Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловно прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на нова војна“, рече тој и додаде: „Многу симболичен состанок кој има потенцијал да стане историски, ако постигнеме заеднички резултати. Ви благодарам.“
Двајцата се среќаваат и со британскиот премиер Кир Стармер и со францускиот претседател Емануел Макрон. Американскиот претседател ја напушти Италија со сопругата Меланија кратко по погребот на папата Франциск во Ватикан и се упати кон Америка.