Зеленски ненадејно го посети до неодамна руското упориште, објави фотографии


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска дојде во ненадејна посета на Изум, стратешки важен град на истокот кој неодамна беше ослободен од украинските сили.

Москва го искористи Изум како точка од која испрати засилување на фронтот во Донбас. Во тој регион, за потсетување, благодарение на молскавично брзиот украински контранапад, ситуацијата целосно се промени. Имено, Русите сега се повлекуваат, а Украинците напаѓаат, пренесе Индекс.

„Кога гледавме нагоре, секогаш сакавме да го видиме синото небо. Денес, кога ќе погледнеме нагоре, сакаме да видиме само едно – украинското знаме“, објави Зеленски на социјалните мрежи со фотографии од Изум.

„Нашето сино-жолто знаме веќе се вее над деокупираниот Изум. Така ќе биде во секој украински град и село. Одиме само во една насока – кон победа“, рече Зеленски.