Зеќири го посочи Синиша Алексовски, советникот на Иванов како брифер на Тимоние


Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, во вчерашната дебата на ТВ 24, изјави дека разузнавачот Синиша Алексовски, кој му беше советник за национална безбедност на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, бил главен брифер на францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

-Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка. Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов – рече Зеќири.

Инаку, на вчерашната прес-конференција што ја свика францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, тој се обиде да ја одбрани одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да не ѝ дозволи на земјава почеток на преговори со ЕУ бидејќи Париз смета дека од една страна треба да се измени методологијата на преговори, а од друга страна државава не е на потребното реформско ниво.