Збогум за прислушувањето: Телефоните ќе добијат скенер што открива шпионски софтвер


Нов скенер за телефон кој открива шпионски софтвер веќе откри 7 инфекции со Пегасус, озлогласениот систем за прислушување изработен во Израел, што го набави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ .Фирмата за безбедност на мобилни уреди iVerify од мај нуди алатка која го прави скенирањето на шпионски софтвер достапно за секого.

Во последниве години, комерцијален шпионски софтвер беше насочен кон повеќе лица во светот , но сепак преовладуваше наративот дека малициозниот софтвер се користи во насочени напади врз исклучително мал број луѓе. Во исто време, беше тешко да се проверат уредите што беа инфицирани со него.Во вторникот, фирмата за безбедност на мобилни уреди iVerify ги објави наодите од работата како да се открие шпионски софтвер и скенерот ќе го лансира во мај идната година.  Од 2.500 скенирања на уреди што клиентите на компанијата избраа да ги достават на проверка, во седум открија инфекции од озлогласениот малициозен софтвер на NSO Group познат како Pegasus.

Тоа значи дека секој ќе може да го инсталира овој скенер и да контролира дали е прислушкуван, а се најавува и можност за единечно користење на оваа услуга – на одреден интервал или кога некој ќе почувтсвува потреба.