Затворена штипската текстилна конфекција во којашто се заразени вкупно шест работнички


Штипската текстилна конфекција во којашто се зарзени вкупно шест текстилни работнички ќе биде затворена неделава, а ако има потреба и повеќе. Oваа одлука ја донел сопственикот, за што го и информирал и општинскиот кризен штаб, пренесе Телма.

Епидемиолозите од рано утринава зеле уште девет брисеви, од коишто седум се поврзани со оваа конфекција.

Се прави е епидемиолошка анкета и на работничките од други две конфекции, коишто се превезувале во исти автобус со заразените работнички. Првичните сонанија говорат дека станува збор за дополнителни 10 лица. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова рече дека сите контакти на заразените ќе се стават во изолација, а најави и надзор на автобусите на други конфекции.

Целиот текст ТУКА