Засрамувачки барања за жените кога се во потрага по работа


 

Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа.

Косата ми беше кратка и ми кажаа дека тоа не остава добар впeчаток за жена и исто така ми беше кажано еднаш додека бев на работно место – ’Насмевни се малку, ги бркаш мажите така ненасмеана’ ова  ми беше кажано додека местев банери пред настан“ – Испитаничка на возраст меѓу 25 и 36 години.

Ова е само една од бројните изјави кои истражувачкиот тим на порталот „Трн“ ги доби како одговор на Прашалникот со кој ја истражувавме дискриминаторската пракса при вработување на жените. Истражувањето е збир на искази од жени на различни позиции, од услужни дејности до судство и пратенички. 

На анкетата која беше спроведена во временски период од 2 месеци одговорија 56 жени од кои 50% од испитаничките се на возраст од 35 до 50 години

Осумдесет отсто од анкетираните учеснич(к)и можеа да наведат барем еден пример каде директно или индиректно им било укажано дека нивниот изглед влијаел  на нивно кариерно напредување или добивање на работата, а повеќе од 50% потврдиле дека  нивниот изглед влијаел на нивните шанси за вработување.

Филмската режисерка Ана Јакимска која при крајот на нејзините дваесетти години има студирано во Скопје и Лондон на филмска уметност посочува дека една од професорките која била воедно и нејзина менторка во една прилика и посочува дека треба да го искористи фактот што е млада жена за да си ги зголеми шансите за напредок во кариерата. 

„Ова подразбираше внимавање на изгледот и себе-претставување на конференции и јавни настани како слободна девојка, никогаш јавно видена со партнер. Болното во овој нејзин совет беше тоа што таа сосема пријателски сакаше да го сподели своето искуство како жена во доминантно машката академска средина и да ме ‘спреми’ за вистинските предизвици“ посочи Ана.

(Целиот текст на овој линк)