Западен Балкан ќе ја блокира Шенген границата, превозниците гневни поради третманот од ЕУ
Здруженијата на превозници од Западен Балкан денес објавија дека ќе ги блокираат товарните премини со земјите од Шенген зоната од 26 јануари поради, како што велат, проблеми предизвикани од системот EES кој ги евидентира влезот и излезот на превозниците.
Претставници на здруженијата на превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а поддржани од колегите од Македонија во писмо, на прес-конференција во Белград нагласија дека причината за ова е несоодветниот одговор на Европската комисија и земјите од Шенген зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на Шенген територијата за време на секојдневните работни активности.
Тие истакнаа дека протестот нема политичка конотација и предложија да се водат разговори со претставници на европската администрација со цел решавање на проблемите и третирање на возачите како прекугранични работници.