Загрозена сезоната на Јадранско Море – нема кој да работи
Летната туристичка сезона на јадранското приморје е загрозена затоа што нема кој да работи во угостителските и хотелиерските објекти.
За тоа е виновна владата која не обезбедила доволно квоти за вработување странци во туризмот.
Хрватската задруга за туризам и Хрватската задруга на работодавачи испратиле барање за итно зголемување на квотите во туризмот до Министерството за труд и до Министерството за туризам.
Работодавците додаваат дека со недели апелираат да се помогне на туристичкиот сектор за решавање на овој проблем, но дека ресорните министри и владата се потполно „глуви“.
Квотите се потрошени, а нема кој да работи иако во Хрватска веќе пристигнале странските работници, пренесе Index.hr.
Туризмот во Хрватска придонесува за 20 отсто од вкупниот БДП на земјата, а со ваков однос, тоа нема да може да се исполни.