Заев: Ќе има промени во Владата, директорските места, локалната средина и во партијата


По завршување на Виенскиот економски форум премиерот Зоран Заев  по средбите, во изјава за медиумите најави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретните решенија за промени.

– Во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата, изјави Заев.