Заев: Целиот наш фокус е кон Бугарија


Целиот наш фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, пред сѐ претседателот на Бугарија господинот Радев, но и премиерот Стефан Јанев, и министерот за надворешни работи, парламенгтот и сите институции. Се надеваме дека навистина во јуни ќе дадат поддршка да го направиме следниот чекор во интегративните процеси на С. Македонија.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за односите со Бугарија и дали има некакво раздвижување. Посочи дека комуникации постојат со Софија, а првата средба се очекува следната недела на граничниот премин по повод донација на вакцини за Ковид–19.

„Јас денеска ќе се слушнам со претседателот, којшто денеска попладнево се враќа, и ќе можам да поразговарам за самите детали, затоа што нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе стапи во контакт со министерот за надворешни работи на Бугарија. Пред два дена се слушнав со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и договоривме следни комуникации. Овие денови како што објави претседателот на Бугарија сепак тие го прават гестот на пријателство, очекуваме следната недела да направиме прва средба на граничниот премин, барем како што е најавено“, рече Заев 

Тој додаде дека кабинетите сѐ уште договараат и ќе видиме дали ќе се потврди од двете страни за преку Црвениот крст на Бугарија и на Македонија да се донираат 50 илајди вакцини. Тој верува дека на овој настан ќе се договори средба меѓу премиерите, министрите за надворешни работи за да се работи на деталите на решението. 

„Како што реков, ова е билетатерално прашање, две пријателски земји треба да покажат трезвеност и рационалност во името на иднината, во името на пријателството, децата, идните генерации. Јас често кажувам во името на двата братски народа, да го најдеме решението за да можеме, секако, конечно после 16,5 годинии С Македонија да го направи следниот не чекор, туку получекор прва меѓувладина конференција“, рече премиерот Заев по презентацијата на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 во Владата.