Забавниот парк кај ,,Борис Трајковски“ е на приватен имот


Скопје доби нов забавен парк, со адреналински атракции лоциран на улица „Илинденска“ веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.

Од Град Скопје  и Општина Карпош велат дека забавниот парк пред базенот „Борис Трајковски“ се наоѓа на приватен имот. Закупник на просторот е фирмата „Луна 10 Битола“, која е регистрирана за вршење дејност забавни и тематски паркови.

„Станува збор за отворен парк, со кој Град Скопје нема никаква поврзаност и допирна точка. Реквизитите за забавниот парк се монтираат на земјиште кое е во приватна сопственост и изведувачот плаќа закупнина за пласирањето на реквизитите на одредената локација. Градот Скопје нема никаква надлежност за давање на дозволи за работа на вакви паркови ниту пак за контрола на безбедноста и исправноста на реквизитите“, велат од Град Скопје.
Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.