За што всушност станува збор во втората постапка за импичмент на Трамп?


Во американскиот Сенат започнува втората постапка за отповикување на Доналд Трамп од функцијата. За првпат во историјата на САД ваков процес се води против поранешен претседател. За што се товари тој?

Какво е обвинението против Донaлд Трамп?

Всушност, сето требаше да биде само формалност: Конгресот на САД се состана на 6 јануари за да го „завери“ конечниот резултат на претседателските избори, односно резултатот од т.н. гласање на „електорскиот колегиум“. Тоа требаше да биде последната формалност, нешто што требаше да биде поддржано од обете партии (демократите и републиканците), и со тоа Џо Бајден „правосилно“ да биде потврден за нов претседател на САД.

Во нормални околности, оваа процедура се одвива без никакви проблеми и компликации. Но, овојпат сè беше поинаку. Во Капитолот, каде вообичаено се состануваат двата дома на парламентот на САД, упадна толпа, која претходно беше подбуцната од (тогаш сѐ уште актуелниот) претседател Трамп. За време на говорот за наводна кражба на изборите, Трамп ги повика илјадниците негови приврзаници да се упатат кон Капитолот.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука