За нов директор на АД ЕСМ ќе биде предложен Васко Стефанов, сегашен директор на Пошти
За наследник на Васко Ковачевски на позицијата генерален директор на АД ЕСМ ќе биде преложен Васко Стефанов сега прв човек на Пошти, а пред тоа на Водостопанство, кој по професија е инженер по техничка логистика.
Ова на прес конференција го соопшти премиерот Димитар Ковечевски кој рече дека оставката на Васко Ковачевски е од лични причини.
„Директорот Ковачевски ме информираше дека заради лични причини поднесува оставка од функцијата директор на ЕСМ. На ова тема имаме разговарано уште минатата година во однос на потребата да се посвети повеќе на своето семејство, заради големите обврски кои секој менаџер ги поминува. Утрово до мене усмено ја достави оставката, а утре и писмено, а ќе биде усвоена на следната седница на Владата и ќе биде препорачан нов директор на АД ЕСМ“, рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека оставката на директорот на АД ЕСМ била донесена од поодамна, уште пред кризата, но поради потребата за успешно менаџирање на енергетската криза било одлучено раководтсвтот да остане на функција.
Премиерот Ковачевски рече и дека досегашниот член на УО и директор за финансии, Добрила Стефанова пред една недела замина во пензија.
На ова функција ќе биде преложена Марија Пејкова, дипломиран економист со над 10 години искуство во финансиско работење, сега помошник директор за финансии во АД ЕСМ.
Досегашниот директор на ЕСМ, Ковачевски, во одговор на новинарско прашање рече дека е вработен во АД ЕСМ, покрај тоа што беше назначен за претседател на УО и за генерален директор.
„Прво ќе го земам одморот од 20 дена кој што ми следува, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ, на министрите и на Владата ќе процениме каде и какво ќе биде моето место во компанијата. Она што јас го протежирам, е да се посветам на семејството, односно на моите две деца кои што имаат потреба од мене за иден раст и развој, односно за образование и успешно менаџирање во приватниот бизнис“, рече Димитар Ковачевски.