За каков настан Владата купува бина и опрема за превод за милион евра, прашува СДСМ


Јовица Јанковиќ

 

Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка, објави денеска Јовица Јанковиќ од СДСМ на прес-конференција.

„Иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има најмалку.

Со тендерот всушност власта купува скапа опрема за промоција и организирање на настани: озвучување, микрофони, видео ѕидови, шатори, дрон, камери, дим-машини, светлосни ефекти… Со еден збор, целосна сценографија за кампања. Дали граѓаните со народни пари ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори?“, рече Јанковиќ.

СДСМ бара итна реакција на Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство и вели дека тоа е класичен пример за предизборна злоупотреба на институциите и парите на граѓаните. „ВМРО-ДПМНЕ ја третира државната каса и парите на граѓаните како свои“, рече Јанковиќ.