За еден работен час во ЕУ во просек се добиваат 23 евра, саатницата зголемена во сите земји

Во Европската унија во 2022 година просечната цена за еден работен час изнешуваше 22,9 евра, што е за 4,4 отсто повеќе во споредба со 2021 година, објави Евростат.
Цената на еден час работа во еврозоната изнесувала 25,5 евра, односно е зголемена за 4 отсто во однос на претходната година. Во рамките на еврозоната, просечните саатници се зголемија во сите земји-членки. Најмал раст има во Италија, Малта и Финска (+2,3 отсто), а највисок во Литванија (+13,4 отсто), Естонија (+8,8 отсто) и Хрватска (+8,7 отсто).
И во земјите надвор од еврозоната, саатниците исто така се зголемени во сите земји. Најмал раст имало во Данска (+2,2 отсто) и Шведска (+3,0 отсто), а највисок во Унгарија (+16,4 отсто), Бугарија (+15,5 отсто), Романија (+12,3 отсто) и Полска (+11,7 отсто)…
Секторите со највисоки годишни просечни покачувања на работниот час се рударството и вадењето камен (+9,6 отсто), стручните, научните и техничките дејности (+6,4 отсто), снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и финансиските и осигурителните дејности (+ 5,6 проценти секој).