Windows 10 сè уште доминира


„Микрософт“ објави продолжување на бесплатните ажурирања за Windows 10 до 2026 година, а податоците на Statcounter покажуваат дека овој оперативен систем продолжува да доминира на светскиот пазар.

Windows 10 има удел од околу 53% на глобално ниво (мај 2025 година), додека уделот на Windows 11 порасна на 43%, според податоците на Statcounter.

За потсетување, иако официјалниот датум на завршување на поддршката за Windows 10 останува 14 октомври 2025 година, корисниците сега можат да добијат дополнителни ажурирања преку програмата за проширени безбедносни ажурирања (ESU).

Опциите вклучуваат плаќање од 30 долари годишно, пријавување за Windows Backup или користење на 1.000 Microsoft Rewards поени. За приватните корисници ова е бесплатно, додека компаниите и образовните институции сè уште треба да платат за програмата ESU.

Microsoft ќе ги информира корисниците за пристапот до програмата ESU, а пошироко воведување за редовните корисници се очекува во наредните месеци.