Вулкан, активен на секои 15 минути, популарен меѓу туристите


 

Планинарење во сенка на активен вулкан не е начин на кој замислувате да го поминете годишниот одмор, но за многу туристи, погледот и доживувањето се вредни за ризикот.

Вулканот Фуего во Гватемала е најактивен вулкан во Средна Америка, и секоја година привлекува илјадници посетители кои сакаат да ги гледаат неговите ерупции.

За да сведочите на ерупциите, најпрво мора да се качите на врвот покрај Акатенанго – најактивниот вулкан од кој се пружа поглед на кратерот кој исфрла лава.

Сепак, со почетокот на на пандемијата од корона вирус, кога светот во еден момент се затвори, туризмот во Гватемала опадна, а со тоа и значително се намали бројот на оние кои го посетуваа вулканот. Но, ситуацијата почна драстично да се менува.

Сите излети почнуваат од градот Антиг, кој го краси барокна архитектура, и се наоѓа на листата на УНЕСКО на Светско културно наследство. Пред пандемијата, градот привлекуваше два милиони туристи годишно. Сепак, доаѓаат подобри денови и туристите се враќаат, а заинтересирани се повеќе и порано.

„Дневно, вулканот го посетуваат 300-400 луѓе“, велат локалните водачи.

Вулканот Акатенанго се наоѓа на речиси 4.000 метри надморска височина, а до него од почетната точка потребно е пет часа качување.

Вулканот Фуего константно е активен, а секои 15 -20 минути исфрла облаци чад.

И да, далеку е од безбедно, па така случај од пред четири години, вели дека неговата ерупција од лицето на земјата го избриша селото Сан Мигел Ло Лотес, кога загинаа 159 луѓе, а повредени беа повеќе од 300 луше. Но, повикот за авантура, кај некои луѓе, изгледа дека е далеку посилен.