Вучиќ убеден дека Црна Гора ќе ја зачува стабилноста
Убеден сум дека Црна Гора ќе ги зачува стабилноста и мирот, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум.
Тој ги отфрли оценките изнесени од телевизијата Ал Џезира, дека Црна Гора може да биде нова точка на нестабилност во регионот на Западен Балкан по овие избори.
Вучиќ посочува дека не може да коментира што ќе се случи во Црна Гора во иднина, бидејќи сè уште нема конечен исход на изборите, но не верува во каква било нестабилност и конфликти.
За него, вели тој, важно е да се подигне свеста на српскиот народ и на претстојниот попис во 2021 година да нема да има помал број Срби во таа земја.
– Сè друго е на граѓаните на Црна Гора, да донесат одлуки, вели претседателот на Србија, додавајќи дека, штом резултатите ќе бидат официјални, тој ќе им честита на победниците кои ќе создадат мнозинство во Парламентот.