Врнежите ги зголемија водостоите на езерата и реките


Фото: Б. Грданоски

За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и тоа за 2,72 метра кај Преспанското и за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.

Зголемување на водостојот во споредба со вчера имаат и сите реки во земјава. Нивните нивоа најчесто се пониски или во рамките на просекот за октомври.