Време е за просперитетна иднина во модата предводена од креативноста


Гран Канарската модна мрежа Moda Calida и локалната власт Кабилдо де Гран Канарија (Cabildo de Gran Canaria) ги поканија членовите на Европската модна алијанса (ЕМА), кое беше основано во Франкфурт во јуни 2022 година. На 19 и 20 октомври се собраа во Маспаломас за време на Gran Canaria Swim Week – единствениот European Swim Wear Week – односно за нивниот прв самит.

Целта на самитот помеѓу 59 претставници од 23 европски земји беше да се дискутираат и договорат пакет мерки и што може да се спроведе за да го поддржат и промовираат потребниот процес на трансформација во европската модната индустрија. Алијансата, којашто се состои од 29 членки, вклучувајќи бројни модни совети, модни недели, истражувачки и образовни институции, претставува повеќе од 10.000 европски компании во модниот сектор, почнувајќи од микро-претпријатија до огромни корпорации.

Една од главните теми за време на состанокот беше „Зелениот договор“ (Green Deal) формулиран од Европската унија во 2019 година од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за намалување на нето емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година. Според заложбата на ЕМА, модната индустрија мора итно да придонесе кога станува збор за CO2 и уништувањето на животната средина преку огромното производството на текстил и големата модна потрошувачка.

Европската модна алијанса има за цел значително да придонесе за доведување на CO₂- до неутралност, до еколошки одржлива, нетоксична и целосно кружна текстилна индустрија и да подигне и поттикне свест кај модните производители, дизајнери и потрошувачи.

За таа цел, на состанокот во Гран Канарија се дефинираа четири главни точки на коишто треба да се засноваат целните мерки: одржливост, образование, политика и иновации.

Европската модна алијанса верува дека одржливоста и дигиталната промена, заедно со иновациите, образованието и мерките преземени на пазарот на трудот, ќе бидат клучни двигатели за модната индустрија да го направи својот текстил потраен, поправлив, повторно употреблив и има можност да се рециклира. За да се забрза оваа промена, ЕМА ќе се фокусира и на меѓукултурните размени и интеракции помеѓу креативците и ќе ги поддржи младите таленти како двигатели на промени преку акции, истражувања и кампањи.

Kарло Капаса, од Националната Комора на Италијанската Мода, вели „Нашата мисија е да ги едуцираме модните потрошувачи и брендови за тоа што значи да се биде одржлив и да се укаже поголема вредност на креативноста, нагласувајќи ја нашата благодарност до сите оние кои стојат зад системот. Една од главните улоги на ЕМА е да ги вклучи брендовите-членки да раскажат што стои зад нивните производи и да ја претстават својата нова идеја за модата во иднина. Во соработка со ЕМА, можеме да им покажеме на другите индустрии што можеме да постигнеме кога работиме заедно“.

Светлана Богова Јовановска, од „Моден викенд Скопје“ вели: „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската и особено на македонската модна индустрија. На пат кон влегувањето на Северна Македонија во Европската Унија, нашата земја мора да преземе одговорност за одржливост и да ја претстави нашата модна и културна ДНК во вистинско светло. ЕМА е можност за нашата модна индустрија да соработува и да ги сруши бариерите со европскиот пазар“.

За 2023 година, ЕМА ќе започне истражување ширум Европа преку своите членки за да ги истражи потребите и предизвиците на микро, малите, средните и големите претпријатија кои работат во модната и текстилната индустрија, како и образованието, истражувањето и други индустрии на засегнатите страни.

Стекнатото знаење од овој подвиг треба да ѝ овозможи на ЕМА да создаде своја политика според приоритетите соодветна на тековното законодавство, меѓу другите и онаа на Европската стратегија за одржлив и циркуларен текстил и создавањето нови политики и програми на ЕУ за поддршка на модата и креативните индустрии. Целта е да им се даде на засегнатите страни јасна слика за европското законодавство – област во којашто голем број креативни претприемачи сè уште не ги имаат разбрано во целост.

Дилис Вилијамс, од „Центар за одржлива мода“ вели: „Не треба само да менуваме темата на модата, туку да ги смениме и нејзините правила и цели. Модата често се оценува во економска смисла според растот и бројките. Но, важно е да се создаде вредност и во културна смисла на зборот.

Да се пренесе што сѐ модата може да придонесе за доброто на луѓето и какво влијание, позитивно и негативно, има врз нашето општество“.

Освен тоа, ЕМА ќе ги вклучи и зајакне младите таленти и нивните гласови преку активен ангажман  во лидерски улоги и активности во рамките на организацијата и веќе основаните брендови и организации.

Европската модна алијанса е првата интернационална алијанса на европските модни институции. Таа има за цел да промовира плоден, одржлив и инклузивен екосистем за европската мода. ЕМА делува како силен здружен глас кој се залага и ја забрзува промената на европската мода кон поодржлива, иновативна, инклузивна и креативна иднина.