Воз во Тајланд излезе од шините, загинаа 36 патници


 

Воз во кој се превезувале околу 350 луѓе излезе од шините во тунел на истокот на Тајван.

Загинаа најмалку 36 луѓе, а повеќе десетици се повредени.

Возот кој одел за Таитунг излегол од шините во тунел северно од Хуалиен поради што неколку вагони удриле во ѕидот од тунелот, се наведува од протипожарната служба.

На фотографиите од местото на настанот се гледаат вагони во тунелот кои се распаднале од ударот, додека некои се толку деформирани што спасувачите не можат да дојдат до патниците.

Од првите четири вагони се евакуирани од 80 до 100 луѓе, додека останатите четири вагони се деформирани и тешко им се пристапува.

Според некои агенции камион кој неправилно бил паркиран го попрачил патот на возот. Поажникарите покажа слика на она што се чини дека се остатоци од камион кој стоел покрај кршениот воз.

„Нашиот воз се заби во камион“, рече еден маж во видео емитирано на телевизија .

„Предниот дел од возот се наоѓаше надвор од тунелот, а луѓето во вагоните кои сè уште се во тунелот се одведени на сигурно“, соопшти тајванската железничка управа.

Несреќата се случи пред продолжениот викенд

На снимките се гледа како патниците собираат куфери и торби од навален вагон и одат по пругата.

Несреќата се случи пред продолжениот викенд, за нивниот традиционален Ден на чистење на гробиштата.

Тајванскиот плански источен брег е популарно труристичко место.

Во 2018 година загинаа 18, а повредени беа 175 луѓе кога воз излезе од шините на североистокот на Тајван. Тогаш се работеше за најлошата железничка несреќа на островот во последните три децении.