Вонредна состојба во Калифорнија поради сушата – 100 години не било вака


 

Калифорнија прогласи вонредна состојба поради големата суша, откако годинава беше забележана како најсушна во изминатите 100 години.

Гувернерот Гавин Њусом прогласи вонредна состојба поради сушата во целата сојузна држава откако претходно ова го објави во осум окрузи.

„Бидејќи западот на САД се соочува со потенцијална трета сушна година, клучно е граѓаните на Калифорнија низ целата држава да ги зголемат напорите за да заштедиме вода на сите можнио начини“, рече гувернерот во соопштението.

Претходното прогласување на вонредна состојба во осум окрузи сега е проширено уште на други осум, меѓу кои и Лос Анџелес, Сан франциско, Сан Диего и други.

Прогласувањето на вонредната состојба на целата сојузна држава ќе му овозможи на гувернерот да помогне во финансирањето на одговорот на сушата и испораката на вода.

Калифорнија имаше екстремно тешка година, ја погодија високи температури, а бројот на дождови остана мал. Тие фактори, во комбинација со постојната криза од климатските промени, придонесоа за разорна сезона на пожари, кпи не престанаа со месеци.

Оваа суша е најголема од 1800-тите години земајќи ги во предвид високите температури и отсуството на дождови.

Езерата Пауел и Мид на рекордно ниски нивоа

„Водената година 2021“, која се смета од 1 октомври 2020 до 20 септември 2021, беше втора најсушна во Калифорнија. Полоша беше ссамо 1924 година, известуваат од државниот Оддел за водни ресурси.

„Сливот на реката Колорадо е важен извор за вода во јужна Калифорнија, а продолжи да се суши во „Водената 2021 година“, додека нивоата на езерата Пауел и Мид се на нвои рекордни ниски нивоа“, се наведува во извештајот.

Тие две езера се најголеми резервоари за вода во таа сојузна американска држава, а се испразнија со рекордна брзина годинава.

Од нив се обезбедува питка вода, а се користи и за наводнување на многу делови од регионот, меѓу кои и фарми, ранчови и заедници на староседелци.

Кој крајот на јули езерото Пауел падна на околу 33 отсто од капацитетот, според податоците од Канцеларијата за мелиорација. Последен пат нивото беше најниско во 2005 година.

Огромната суша е најплодно тло за пожари, а во калифорнија годинава забележани се повеќе од 8.000 пожарникарски интервенции. Досега изгореа повеќе од 2 милиони хектари, велат податоците од калифорниските пожарникари.

Во моментот тие се борат со најмалку осум големи пожари.