Волт Дизни ќе се превртува во гроб да ја види новата „Снежана и седумте џуџиња“
Снежана од магичната цртана бајка за деца „Снежана и седумте џуџиња“ повеќе нема да биде бела, туку исончана за да не го навреди добриот морал на инклузивната креолизација. Римејкот на филмот на Волт Дизни, лишен од овој „токсичен концентрат на бела, патријархална, дискриминирачка и зла идеологија“ ќе биде објавен идната година, пишува денешен „Фигаро“. По „Барби“, кој сепак собра слава, ова е второ уништување на една детска фантазија и нејзино претварање во груба политичка реалност.
Дали треба да ја убиеме Снежана? – прашува „Фигаро“ тврдејќи дека тоа очигледно го посакува воко-феминистичкиот римејк на филмот на Волт Дизни.
-Беше кажано дека е неопходно да се стави крај на овој токсичен концентрат на бела, патријархална, дискриминирачка и зла идеологија! За таа цел, делото е препишано, доведено до стандард, исчистено. Снежана повеќе нема да биде бела, туку исончана за да не го навреди добриот морал на инклузивната креолизација. Извадете ја оваа жена со „кожата бела како снег…“ која не се гледа… Што се однесува до џуџињата, тие ќе бидат избришани и заменети со „магични суштества“, бидејќи се подразбира дека не можеме да правиме ваква дискриминација. Последно, но не и најмалку важно, Снежана нема да биде љубовна приказна. Актерот што го игра она што остана од принцот го објаснува тоа вака на нас, ретардираните: „Тоа е нова приказна во смисла дека Снежана повеќе не е принцеза…“
„Татко ми Волт Дизни ќе се преврти во својот гроб поради овој римејк на Снежана“, изјави за „Телеграф“ Дејвид Хенд, синот на режисерот со исто име. Во 1937 година, неговиот татко ја режираше култната „Снежана“ на Дизни.
Американската актерка Рејчел Зеглер, која ќе ја игра новата Снежана во овој римејк на Марк Веб објави неколку промени во интервју за Entertainment Weekly: „Таа нема да биде спасена од принцот и нема да сонува да ја најде својата голема љубов“, изјави таа оценувајќи дека оригиналната верзија е „многу застарена“. Изборот на актерката со колумбиско потекло исто така беше предмет на контроверзии, како и за замената на џуџињата со „магични суштества“.
„Тоа е навредливо. Знам дека татко ми и Волт Дизни би се противеле на тоа“, вели синот на Дејвид Хенд, кој ги критикува овие отстапувања од оригиналот. „Земете нешто друго. Измислете нови ликови. Ако сакате да го направите тоа, добро, но не уништувајте класика или уметничко дело “, критикува тој.
„Ова веќе не личи на старата приказна“, се пожали тој, заплашен од „толкуте радикални“ мисли што „го менуваат расудувањето на ликовите“.
„Креаторите на новата Снежана измислуваат нови разбудени работи и тоа не ми се допаѓа многу. Дури и го сметам за навредливо. Немаат почит кон работата на Дизни и онаа на татко ми“, вели тој.
Според оценка во медиумите, oд „Црниот котел“ нема толку озлогласено омразен филм на Дизни како претстојниот римејк на „Снежана и седумте џуџиња“.