Војната во Иран влијае и врз снабдувањето со хелиум – болниците да се проверат заради магнетните резонаци


Болниците во Македонија да проверат уште колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца, чија набавка е отежната поради војната во Иран, односно цената на хелиумот скокнала за 30 отсто,а  се очекува и понатаму да растем

– Еден од ланците што ќе се прекине е хелиумот. Хелиумот е неопходен за работата на магнетната резонанца и побаравме да се направат навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дури уште има достапен хелиум на европскиот пазар – рече директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Конфликтот во Иран годинава ги попречи глобалните залихи на хелиум, директно влијаејќи врз процедурите што се одвиваат на апаратите за магнетната резонанца. Иранските напади предизвикаа значителна штета на катарските постројки за течен природен гас прекинувајќи околу 30 проценти од глобалното снабдување. Ова доведе до двојно зголемување на цените и недостатоци на хелиум со висока чистота. Хелиумот со висока чистота е потребен затоа што ги лади суперспроводливите магнети што се користат во скенерите за магнетна резонанца.

Течниот хелиум има значително ниска точка на вриење од -269 степени па затоа е совршено способен да ги лади магнетите за магнетна резонанца. За да може еден магнетна резонанца да работи, апаратот обично користи околу 1.700 литри течен хелиум.

Проблемот со овој гас е што не може долго да се складира, затоа што самиот исчезнува, нагласи Клековски.