Водостојот на повеќе реки под просекот за август


Нивото на Вардар кај Јегуновце е намалено во однос на вчера и во однос на просекот за август, а е зголемено кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија. Зголемувања се измерени и кај Брегалница кај Штип и Струмица кај Сушево.

Пониско ниво од просекот за август има и кај вливот на Лепенец, Крива Река кај Крива Паланка, Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања.

Мерењата на УХМР покажуваат дека е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а намален и Преспанското и кај Охридското Езеро.