( Во живо) Главната прослава на Илинден на Мечкин Камен


Централната манифестација е во Крушево во 18 часот на која се поканети претставниците на државниот врв, но и лидерите на сите парламентарни партии. Годинава претседателот Пендаровски нема да одржи политички говор на Мечкин Камен, туку имаше кусо видео-обраќање по повод Денот на Републиката.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Во рамки на културно-уметничка програма на која ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.