Во војната во Иран досега загинаа 18 американски војници


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека 18 американски војници досега се убиени во американско-израелската војна против Иран.

На својата социјална мрежа, Трамп објави податоци за војните во кои учествувале САД, споредувајќи го бројот на загинати во конфликтите во Авганистан, Ирак, Виетнам, Кореја и Иран.

„Ирански воен конфликт: четири месеци, 18 мртви“, пишува во графиконот објавен од Трамп.

Американската централна команда (CENTCOM) претходно објави дека во иранскиот напад врз американската база во Јордан на 17 јули, двајца војници биле убиени, додека еден е исчезнат. Пентагон потоа објави дека идентитетот на двајцата загинати војници е утврден и дека истрагата за инцидентот е во тек.

CENTCOM, исто така, објави дека еден американски војник бил убиен на 18 јули во Ирак за време на контролирано уништување на неексплодирана боева глава на ирански дрон.

По тој инцидент во Ирак, бројот на американски војници убиени во војната, која започна во февруари со напади на САД и Израел врз Иран, се искачи на 17.

Трамп сега објави дека бројот се зголемил на 18.