Во Виена е затворено основно училиште поради сомневање за Ковид-19

Основните училишта во Австрија започнаа со работа, по двомесечната пауза поради пандемијата на новиот корона вирус, но во Виена поради сомневање за појава на инфекција, затворено е едно училиште.
Директорката на училиштето од 18-та област во Виена, вратилa дома 200 ученици, бидејќи постои сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19.
Наставникот пријавил боледување во саботата.
Децата беа вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.
Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.