Во ураганот Грејс загинаа осуммина во Мексико


 

Ураганот Грејс ослабна денеска откако стигна на истокот на Мексико и се претвори во тропска бура, соопшти Американскиот центар за следење урагани, но сепак однесе осум животи во државата Веракруз.

Грејс во 17 часот по средноевропско време беше на 40 км од Сиудад де Мексико, со ветар кој дуваше со 110 км/ч и се движеше со брзина од 20 км/ч.

„Во текот на ноќта треба да ослабне во тропска депресија, а во недела ќе исчезне“, наведува центарот.

Ураган од трета категорија

Грејс на копното стигна како ураган од трета категорија по Сафир-Симпсоновата петтотепена скала во Општината Теколула, северно од Веракруз.

Гувернерот на државата реле дека за жал имаат седуммина мртви, меѓ кои и деца.

Властите на таа мексиканска сдржава подоцна објавија дека во временската непогода има осум жртви.

Ураганот дигаше покриви, уриваше дрвја и го прекина доводот на струја.

На тоа подрачје уште во петокот беше прогласена опасност од поплави и одрони.

„Грејс брзо стана голем ураган“, соопшти Центарот, прогласувајќи ураган од трет степен.

Властите по поминувањето на циклонот се внимателни затоа што се закануваат излевања на реки, главно во Веракруз.

Жителите покрај осум реки се предупредени дека тие ќе се излеат во следните часови.