Во Србија се враќа задолжителниот воен рок?
До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и динамични планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.
Тој во интервју за денешната „Политика“ посочи дека ГШ на српските вооружени сили има развиено неколку можни модели на воена служба, со јасно утврдени позитивни и негативни ефекти, со компаративна анализа според претходно дефинирани критериуми.
„Бидејќи ја добивме задачата од врховниот командант, не би било коректно јавно да зборувам за нејзината содржина пред да го поднесам бараниот предлог“, изјави тој.