Во Србија од 1 јули поскапуваат патарините за 12 отсто
Српската влада го прифатила барањето од „Патишта н Србија“ за зголемување на цените на патарината со што нови цени ќе стапат на сила од 1 јули.
Новиот ценовник ќе биде донесен по усвојувањето од страна на пратениците во Собранието на предлог на Владата. Според него, на Србија и недостасуваат годишно околу 100 милиони евра за одржување на патиштата, како и дека патарината во Србија е најевтина во Европа.
Според таа најава, возачите од Македонија кои патуваа од Прешево до Белград со автомобил, наместо досегашните 1090 динари, ќе плаќаат околу 1200 динари. На тоа треба да се додаде и новата патарина (од јули) кај новоотворената делница низ Грделичката клисура каде, како што претходно е најавено, патарината ќе изнесува до 500 динари, што севкупно изнесува околу 14,5 евра.
Патарината ќе поскапи за 12 отсто и на делниците кон Суботица и унгарската граница (од Белград до Суботица за автомобили сега изнесува 560 динари) и кон Шид до хрватската граница (од Белград до Шид изнесува 370 динари).