Во Собрание прием по повод 8 септември
Во Собранието денеска со свечен коктел беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста. Освен пратениците, таму беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поранешни претседатели на Собранието, началникот на Генералштабот и поглаварите на МПЦ и ИВЗ, меѓу другите.
Говор одржа претседателот на Собранието Африм Гаши.

По повод 8 септември – Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.
Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13 часот.