Во Словенија новозаразени 7.420 за 24 часа, најмногу досега


 

Словенија денеска брои 7.420 нови инфекции со корона вирус од 14.814 ПЦР тестови, што е најголем број новозаразени за 24 часа во оваа земја од почетокот на пандемијата.

Со тоа забележани се 2.256 повеќе од претходниот ден, а уделот на позитивни надмина 50 отсто.

Како резултат на тоа, бројот на активни случаи во Словенија повторно порасна и стигна на 45.459.

Според Националниот институт за јавно здравје бројот на потврдени случаи на 100.000 во последните две недели е 2.142, а просечниот број потврдени случаи изминатата седмица е 4.367.

Заради се поголемиот раст во последно време, властите повикуваат на вакцинација, затоа што тоа е најдобро решение за заштита од вирусот и спречување на неговото ширење.

Досега во Словенија со една доза се вакцинирани 1.254.613 лица, а потполно 1.197.788 лица.