Во сите македонски градови се излезе на плоштадите за жртвите од Кочани
Стотина илјади луѓе се собраа низ македонските градови. Најмногу беа млади. Сите испраќаа пораки против корупцијата

Почит за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа беше оддадена во сите градови низ Македонија.
Луѓето со тага и болка во очите палеа свеќа и положуваа свежи свеќиња во центарот на речиси секој град во земјава. Носеа транспаренти со пораки за покој на душата на загинатите, но и со сугестии за подобрување на системот и преземање одговорност.

Во повеќе градови, млaдите и средношколците масовно се собираа во 12 часот на пладне, а вечерта почит оддаваа сите граѓани на посебни места во градовите.
Во Скопје се одржа мирен масовен собир на плоштадот „Македонија“.

Погледнете како беше во Гевгелија:

Вака беше во Кратово
Во Делчево.
Прилепчани со седумминутен молк, палење свеќи и полагање цвеќе кај параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот оддадоа почит за жртвите од Кочани. Најавуваат дека секој ден, додека трае жалоста, во 12 часот ќе се собираат на ова место. Младите пак, вечерта палеа свеќи на плоштадот.
Во Битола вечерта излегоа огромен број луѓе Битолчани да им оддадат почит на загинатите во Кочани и во исто време да изразат протест против институциите што не успеаја да спречат трагедијата.
„Македонија тагува, трагедија која нема да се заборави, но не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, луѓе страдаат и бараат лек, а болниците не се подготвени за вакви масовни несреќи. Здравството е ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата. Сите си заминуваат, а ние што останавме тука умираме еден по еден бидејќи, државата нѐ заборави. Ние ќе се бориме за правда“, изјави Леонардо Соколов, член на организацискиот тим на собирот во Битола.
Средношколците во Охрид на пладне прошетаа во чест на прерано загинатите.
Куманово тагуваше:
Велес:
Крушево:
Струмица:
Каменица:
Берово:
Кавадарци:
Кочани:
Малта: