Во Сиднеј рекорден број заразени – затворени се осум недели


Во најголемиот австралиски град Сиднеј, понеделникот беше најсмртоносен ден од почетокот на епидемијата, полцијата и војската поставија барикади на патиштата, за да го ограничат движењето на луѓето, додека во Мелбурн карантинот е продолжен за две недели и воведен е полициски час.

Сиднеј осум недели веќе е во карантин, но едновремено е и епицентар на новиот бран на Ковид-19 во Австралија.

Во последните 24 часа полинаа седум пациенти, најмногу досега во еден ден, објави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклиан.

Истовремено откриени се 478 нови зараза, што е најсвисок дневен пораст откако почна пандемијата.

„Трансмисијата е вознемирувачки висока“, рече премиерката пред новинарите.

Меѓу починатите е и 15-годишник кој имал пневмонален менингитис и Ковид-19.

Војската е во градот

Во градот се распоредени 200 војниви кои имаат задача да постават патни барикади во најтешко зафатените квартови затоа што многумина го прекршуваат карантинот.

Со само 26 отсто вакцинирани возрасни во Австралија, таа е ранлива поради делта сојот кој се шири низ земјата.

Иако Сиднеј, мелбурн, Канбера и Дарвин се во карантин, заразата сеедно напредува. Во Мелбурн воведен е полициски час од 21 до 5 часот наутро. На улиците во тоа време семат само неопходните работници/

За новите случаи виновни се луѓето кои ги кршат правилата, а полицијата казни 69 луше со по 5.500 австралиски долари кои учествувале на веридба.

Властите во меѓувреме се обидуваат да поттикнат вакцинација и увезува дополнителни дози вакцини.