Во Шведска уапсен обвинетиот за 27 април кој беше во бегство
Шведската полиција го уапси Дејан Давиовски кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за упадот во Собрание на 27 април.
Шведските медиуми објавија, а обвинителството потврди дека Давидовски е уапсен на аеродромот во Стокхолм, каде пристигнувал од Софија, на 7 април.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преведува докази со кои ќе се бара негова екстрадиција.
Давидовски е единствениот избеган обвинет за упадот во Собранието, а бил во групата маскирани лица кои упаднаа во Собранието.