Во Шведска седум дена никој не починал поради Ковид-19

Нереди поради ковид-мерките во Франција, заклучување во Австралија, нови рекордни броеви на заразени во Европа, а во Шведска последните седум дена никој не починал поради Ковид-19.
Да потсетиме дека Шведска беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавите ковид-мерки. Британски „Гардијан“ шведскиот пристап го окарактеризира како „катастрофа во најава“, додека Си-би-ес Њуз известуваше дека Шведска е пример како не треба да се решава ковид кризата.
Покрај сите критики, Шведска и денес има најлабави епидемиолошки мерки против корона вирусот, земјата е полна со туристи, сите дејности работат, се оди во училиште и тоа без речиси никакви рестрикции.
Исто така, шведските власти не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки, туку не ги ни препорачуваат. И кој е резултатот?
Најновите податоци покажаа дека во последните седум дена, бројот на починати поради Ковид-19 е 0 (нула). И така сите претходни седум дена.
Значи, се заклучува во текстот на порталот fee.org, и пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофа во најава“ се без основа и сега, една година подоцна, се покажа дека шведскиот пристап беше правилен.
Тоа го докажуваат месечните бројки за заболени, како и економските. Денес Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која и да е друга европска држава.