Во шест земји смртноста од корона вирусот над 10 отсто


Статистиката веќе долго време ги отфрла митовите за релативно ниската стапка на смртност кај пациенти со новиот коронавирус, велат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс од Балтимор и Worldometers.info до денес.

На почетокот на епидемијата, разни експерти зборуваа за фатален исход кај околу 2-4% од пациентите, но со секој изминат ден, податоците стануваат сè позагрижувачки.

Според овој индикатор, првото место на светот веќе го заземаат Соединетите држави, покажуваат податоците на универзитетот. Досега, властите во земјата пријавиле вкупно 20.463 лица кои ги загубија животите од вирусот. Како процент, официјалната стапка на смртност во земјата е само 3,9%, што е резултат на многу луѓе кај кои е докажано декасе заразени – 526 396.

Во Европа, 6 земји веќе ја поминаа психолошката бариера од 10%.

Статистиката ја води Италија, каде што досега стапката на смртност е 12,8%. Вкупно 152.271 луѓе биле регистрирани за заразени во земјата, а вкупно 19.468 од нив имале фатален исход.

Во своевидниот ранг во последните денови се појави Велика Британија. На Островот, стапката на смртност е 12,4%, но со значително помал број случаи (79.874) и вкупна смртност (9.892).

Белгија е на третото место со 28.018 заразени и 3.346 мртви, што претставува просечна стапка на смртност ос 11,9% од случаите.

После тоа, Холандија со 10,8% – 24.571 пациенти и 2.653 починати.

Петта е Франција, со стапка на смртност од 10,6% при 130.727 пациенти и вкупно 13.851 починат

Шестото место е окупирано од Шпанија. До денес, 163.027 луѓе дале позитивен тест, а 16.606 починале, што е 10,2% смртност.