Во руски напад на Константиновка во Донецк загинаа 16 лица (Видео)
Руски проектил погоди пазар во градот Костaнтинoвка во источниот регион Доnецк, при што загинаа 16 – меѓу кои едно дете – изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Најмалку 20 луѓе се ранети. Моето искрено сочувство до семејствата и пријателите“, рече тој на Телеграм.
„Сите служби работат. Пожарот е локализиран. Ние им помагаме на жртвите“, додаде тој.
„Руските трупи се терористи на кои нема да им се прости и нема да бидат оставени на мир. Ќе има праведна одмазда за сѐ“, рече тој.
Се чини дека руски проектил С-300 паднал во средината на градот, според извештаите од местото на настанот. На видеата од земјата се гледа жесток пожар и густ црн чад кој се издига, а на земјата е видлива најмалку една жртва.
‼️ The moment of the Russian strike on the market in #Kostyantynivka. pic.twitter.com/6QutxR3ybs
— NEXTA (@nexta_tv) September 6, 2023
Според неофицијалните информации, пазарот се наоѓа во близина на трговски центар.
Костнтиновка е блиску до првите борбени линии околу Бахмут и често е преполна со воен персонал.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „целосна нехуманост“, велејќи дека бројот на загинати и повредени може да се зголеми. „Ова руско зло мора да биде поразено што е можно поскоро“, додаде тој.