Во Русија повеќе од 25.000 новозаразени, најмногу од јануари


 

Во Русија во последните 24 часа, регистрирани се 25.142 нови случаи со Ковид-19 а починаа 663. Ова е највисок број во еден ден од почетокот на јануари.

Во Русија последните денови се бележат рекорди.

Вчета беа евидентирани 697 смртни случаи со зараза од Ковид-19, пто е нјамногу во еден ден од почетокот на пандемијата и петти ден по ред да се постигнуваат рекордни бројки на смртни случаи, пишува Ројтерс.

Владината работна група за корона вирус соопшти вчера дека имало 24.439 нови случаи со корона вирус. Надлежните сметаат дека делта сојот е виновен за ваквата негативна статистика, кој првпат е забележан во Индија.