Во Русија и понатаму многу починати од Ковид-19, Санкт Петерсбург се затвора


Русија во последните 24 часа повторно забележа висок број починати од последиците од инфекцијата со корона вирус – 1.072, соопшти денеска Кризниот штаб за борба против корона вирусот.

Од почетокот на епидемијата, 230.600 пациенти починаа од корона вирусот, додаваат од штабот, пренсе Тас.

Санкт Петерсбург о 30 октомври се затвора на седум дена

Во Санкт Петерсбург од 30 октомври, во следните сеудм дена, ќе бидат затоврени рестораните, кафулињата и продавниците кои не се неопходни, според указот што го потпиша гувернерот Александар Беглов.

Освен тоа, затворени ќе бидат и козметичките салони, спортските центри и сите неприоритетни трговски мрежи, но тоа не важи за аптеките, бензинските пумпи и прехранбените продавници, пренесе Тас.