Во Полска најмногу новозаразни од ноември лани
Во Полска во изминатите 24 часа потврдени се 21.049 нови случаи со корона вирус, што е најмногу новоинфицирани во еден ден од ноември лани.
Полското министерство за здравје соопшти дека уште 343 лица починале од последиците на корона вирусот, пренесе Ројтерс.
Во Полска, од почетокто на пандемијата регистрирани се 1.889.360 случаи со Ковид-19, а вкупно починаа 47.068 луѓе.