Во Осло забранети се електрични тротинети навечер
Жителите на Осло, главниот град на Норвешка, повеќе нема да можат ноќе, од 23 до 5 часот наутро, да изнајмат електрични тротинети, поради високиот процент повреди поврзани со тоа превозно средство.
Според одлуката на градското собрани, мерката стапува на сила на почетокот на септември, пренесе норвешката агенција НТБ.
Осло има најмногу електрични тротинети по глава на жители
Лекарите од универзитетската болница во осло истакнаа дека забраната би спречила стотици повреди во текот на летото.
Неколку претпријатија за наем на тие превозни средства веќе одлучија да ги паркираат електричните тротинети во текот на викендот или да вовеедат ограничување на брзината ноќе.
Од сите големи градови во Европа, Осло има најмногу електрични тротинети по глава на жители, пренесе НТБ. Бројот порасна за речиси четвртина само во изминатите три месеци на 25.700, се наведува. Повеќе од две третини стреба да ги снема од улиците затоа што со одлуката на градските власти нивниот вкупен број се сведува на 8.000.